
Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД ќе продолжат да се спротивставуваат на екстремистите од „Исламска држава“ и покрај бруталното убиство на новинарот Џејмс Фоли, кое, како што рече, го шокирало целиот свет.
Обама истакна дека телефонски разговарал со семејството на новинарот за да изрази сочувство.
Тој ја нарече рак „Исламска држава“, која, како што посочи, киднапира жени и деца, измачува, силува, заробува и убива луѓе и повика за глобална мобилизација за да не се дозволи нејзиното ширење.
– За такви луѓе нема место во 21. век. Тие не говорат од името на некоја религија. Ниту една религија не проповеда убиства на невини луѓе. Нивната идеологија е пропадната, изјави Обама.
Тој вети дека САД ќе продолжат да прават се што е потребно за заштита на американските граѓани во Ирак и ќе сторат се што е во нивна моќ за да биде создаден правосуден систем.
Обама изрази увереност дека екстремистите ќе претрпат пораз.
Претседателот изјавата ја даде од Мартас Винјард, со сојузната држава Масачусетс, каде е на одмор со неговото семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


