
Новинар од турската агенција Анадолија бил приведен од полицијата во американскиот град Фергусон, во сојузната држава Мисури.
Новинарот Билгин Шашмаз известувал за протестите во Фергусон, кои почнаа по убиството на 18-годишниот Афроамериканец Мајкл Браун од страна на полицаец белец на 9 август.
Шашмаз се обидел да ја фотографира полицијата, додека се подготвувала да употреби гумени куршуми против демонстрантите, по што полицајците го привеле.
Новинарот за Анадолија изјави дека бил удрен од полицајците, кои се обиделе да му го одземат фотоапаратот.
Шашмаз, кој добил полесни повреди од ударот, минал пет часа зад решетки, по што е ослободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


