
По денешната средба со претставниците на локалната власт во земјата, што по негова покана се одржа на ден пред крајниот рок за потпишување на новиот Закон за територијална поделба на Албанија, стана повеќе од јасно дека албанскиот претседател Бујар Нишани нема да го стави својот потпис на овој законски текст, јави дописникот на МИА.
Во соопштението од кабинетот на Нишани објавено по средбата на која присисутваувале само градоначаниците и претседатели на советите на општините од редовите на опзоцијата, се наведува дека тој ги слушнал нивните мислења и забелешки и ги информирал дека до него се доставени голем број барања и жалби за незадовлство од новата теритријална поделба.
Претставниците на локалните власти искажале заеднички став дека во Албанија треба да има најмалку уште 20 општини. Со новиот Закон се предвидуваат 61 општина, додека Заедницата на единиците на локалната самоуправа побара од 80 до 100 ооштини. Досега Албанија имаше 373 општини.
Нишани административно-
– Административно-
Во него понатаму се наведува дека Нишани гарантирал целосна подршка за иницијативата на Владата околу територијалната реформа оценувајќи ја како многу значајно прашање, но додадал дека тоа треба да се спроведе во целосна согласност со националните интереси, односно граѓаните и треба да биде процес заснован на Уставот и законите во земјата.
Нишани пред четири дена не потпишани во Парламентот ги врати и законите за Високиот совет на правдата, за полицијата, како и за Управниот суд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


