| четврток, 6 декември 2018 |

По 45 години загасува филмскиот водич на Малтини

Leonard_Maltin_banner

Реномираниот филмски водич на познатиот американски критичар Леонардо Малтини, што излегува веќе 45 години, овој септември ќе го добие своето последно издание и ќе престане да се објавува, објави сајтот „Индивајар“, повикувајќи се на тврдење на еден од соработниците на Малтини, Џо Лејдон .

Лејдон, кој пишува за американскиот филмски магазин „Варајети“, на неговиот блог објави дека изданието на „Филмскиот водич на Леонардо Малтини“ за 2015 година, кое на американскиот пазар ќе се појави на 2 септември, воедно ќе биде и последно.

Тој ги пренесува зборовите на Малтини од воведот на „Водичот“ за 2015 година: „Со оглед на општиот пристап на Интернет, нашите читатели се намалуваат со алармантна брзина“.

– Верните читатели на оваа книга знаат за нашето тежнеење да дадеме нешто што на Интернет не може да се најде лесно; информација која е точна и употреблива, се со наши рецензии и оценки за (филмовите). Но, кога се повеќе луѓе веруваат дека се треба да биде бесплатно, не е можно да се издава ваква референтна книга која бара соработници и уредници, напиша Малтин во воведот.

„Филмскиот водич“ донесува куси стории за филмовите – понекош само неколку реченици – со основни податоци и оценки.

Се работи за една од највлијателните публикации на овој вид во САД. Нејзиното прво издание се појави во 1969 година.

Засега не е познато дали по укинувањето на шечатеното изфание на „Водичот“ на Малтини, тој ќе продолжи да постои на Интернет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top