| четврток, 6 декември 2018 |

„Фолк фест Валандово“ во живо со оркестар и во нова сала

valadovo press

Финишираат подготовките за јубилејното 30-то издание на „Фолк фест Валандово“. Организаторот најавува дека за првпат од своето постоење, фестивалот ќе се одржи во нова реконструирана летна сала која ќе финишира до крајот на септември, а чини 25 милиони денари. Новина е и настапот во живо со оркестарот на Македонската радио телевизија. Ќе настапат 30 интерпретатори во две полуфинални вечери на 16-ти и 17-ти соктомври. Кој ќе оди на финалето на 18-ти октомври ќе одлучи телевоутингот.

„Првата награда ќе изнесува 20 илјади евра, втората 10, а трета 5. Ќе има награди за најдобар дебитант и најдобар сценски настап, како и признанија за најзаслужните за афирмацијата и промоцијата на фестивалот. Новитет е комплетно новата сценографија“, соопшти министерката за култура Елизабета Канческа Милевска.

Градоначалникот на Валандово, Николче Чурлиноски вели дека фестивалот ќе биде пропратен со многу новитети, издавање на монографија за 30 годишнината, издавање на ЦД-а кои ќе бидат доделени на секој посетител.

Голем дел реномирани естрадни ѕвезди ќе бидат дел од јубилејното издание. Директорите велат дека целиот избор изведувачите е транспарентен.

„Тука се Милица Кузмановска, Благица Калева, Ленче Куќиќ, Благоја Грујовски, Мишко Крстевски, Јордан Митев…“, нагласи уметничкиот директор на фестивалот, Орце Гелевски.

Од годинава Фолк Фест Валандово ќе се одржува на есен. Македонската радио телевизија традиционално ќе врши директен пренос од сите три фестивалски ноќи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top