| четврток, 6 декември 2018 |

Видео: Насилниците запалија автобус, возачот избегал од страв

Пред околу половина час дел од насилните-протестанти, кои утринава беа пред Владата, продолжиле да дивеат по скопските улици.

Еден возач на нископоден автобус на ЈСП „Скопје“ ја забележал групата и во паника избегал оставајќи го возилото. Ова го искорситиле насилниците и го запалиле автобусот. Речиси половина час огромен облак од чад се издигаше над центарот на Скопје. Автобусот е речиси сосема изгоре, но огнот е згаснат.

Досега, според МВР, се повредени 15 полицајци.

Kонтрапротест пред Владата се случи утринава кога група млади од албанска националност со транспаренти и знамиња предизвикаа инциденти.

Групата го почна маршот пред џамијата, а потоа се упати кон Владата на Република Македонија, каде што момчињата фрлаа со камења кон зградата и кон полицијата.

Пред Владата може да се забележи  големо присуство на полиција која се обидува протестот да не ескалира во некои поголеми инциденти.

Инаку, вчера пред Владата се одржа протест во врска со именувањето на Талат Џафери за министер за одбрана, при што имаше неколку предизвикани инциденти, фрлање со камења и тврди предмети кон Владата и полициските службеници кои го обезбедуваа протестот

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top