Дали вие го имате „она нешто“ за да истраете во долга врска?
Поблиски сте после караница
Никој не може да ги избегне несогласувањата и караниците. Да, но после тоа се чувствувате поблиски со партнерот. Успеавте рационално да разговарате за проблемите, да се сослушате еден со друг и да пронајдете заеднички јазик.
Ја совладавте љубомората
Ако нешто сигурно може да ја уништи врската, тоа е болна љубомора. Научете се да ја потиснете. Колку се подолго во врска, двојките се помалку љубоморни меѓусебно.
Не си ставате се при срце
Ако партнерот рече нешто што би можело да се сфати на повеќе начини, вие го избирате најбезболниот.
На пример, ако ви рече: “Доста ми е од се, се ми се смачи”, нема веднаш да помислите дека мислел на вас, туку ќе му речете: “Знам како е тоа. Сакаш да ти донесам пиво?”
Заедно работите на промените
Не се менувајте за да се задоволите еден со друг, туку заедно работите на промените. И двајцата имате слични ставови за однесувањето, но не сте ригидни и строги. Заедно несвесно се менувате, а не за да ја надвладувате другата страна.
Не ви е јазикот побрз од мозокот
Кога партнерот ќе каже или ќе направи нешто со што не се согласувате, не му скокате веднаш за врат, туку прво го сослушувате за да ви објасни за што се работи, а потоа коментирате. Околу ситници не вреди да се расправате, само околу важни работи.
И двајцата сте задоволни од врската
И двајцата имате впечаток дека добивате многу од врската и дека сте се пронале во неа, односно дека таа врска го буди најдоброто во вас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


