| четврток, 6 декември 2018 |

5 знаци дека си избрала погрешен!

Понекогаш е тешко да признаеш дека си со маж кој не те заслужува. Доколку ги видите овие знаци кај вашиот партнер веднаш прекинете ја врската.

1. Тој мисли дека светот се врти околу него

Ако му е важно сака тоа како ти ќе се вклопиш во неговиот свет, но не и обратно, тоа значи дека твоите потреби и не му се толку важни. Уште полошо е ако тој е свесен за сето тоа, но и понатаму не му е грижа.

2. Очајна си во обидите да го импресионираш

Сакаш да го импресионираш и тоа е сосема нормално. Но, ако константно се однесуваш како некоја друга и забораваш која си ти всушност, тогаш е време да престанеш да се залажуваш. Ако не можеш да бидеш своја во врската, време е да раскинеш.

3. Премногу е наметлив

Ти ги наметнува неговите обврски, потреби, мислења и притоа не обрнува внимание на твоите потреби, ниту го почитува твоето мислење. Тоа не е здраво, и вашата врска нема да ве одведе каде што треба. Смени го!

4. Не те слуша додека зборуваш

Еден од најдобрите знаци дека тој не се грижи за тебе е фактот дека не те слуша и не може да запамети апсолутно ништо што му довериш. Во исто време, од тебе бара внимание, кога се во прашање неговите проблеми и теми кои го интересираат. Заслужуваш подобро од тоа, дефинитивно!

5. Тој нема никакви интереси ниту хоби

Можеби тоа во почетокот на врската нема да ти пречи, но со текот на времето сигурно ќе почне. Ако не е страствен, ако е неактивен и статичен и ако нема нешто што го исполнува во животот, не можеш да очекуваш дека ќе биде вистински партнер за иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top