| четврток, 6 декември 2018 |

Тибетските глечери сé побрзо се повлекуваат

Просечните температури на Тибетската висорамнина, на којашто се наоѓаат ледниците коишто со вода ги снабдуваат стотиците милиони луѓе во Азија, се највисоките во последните две илјади години, покажува една студија на Кинеската академија на науките.

Температурата и влажноста на Тибетската висорамнина ќе продолжи да расте, што ќе предизвика и повлекување на ледниците и проширување на пустинските делов, се вели во студијата на кинескиот Институт за истражување на Тибетската висорамнина.

„Во последните педесет години, стапката на раст на температурата на висорамнината била двојно повисока од глобалниот просек“, се истакнува во студијата.

Се предупредува дека повлекувањето на тибетските глечери би можеле да го пореметат снабдувањето со вода на неколку главни азиски реки кои извираат на висорамнината, меѓу кои се кинеските Јангце и Хуанг Хе, индиската Брамапутра, и реките Меконг и Салвеен коишто течат кон југоисточна Азија.

Во мај годинава кинеските научници објавија дека тибетските ледници во последните три децении се намалиле за околу 15 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top