| четврток, 6 декември 2018 |

До 15 ноември сите мораат да изберат од кого ќе купуваат струја

struja

Последниот рок за избор на снабдувач со струја за домаќинствата е 15 ноември. До тогаш сите ќе треба да имаат потпишан договор со компанијата што ќе ја изберат да ги снабдува со струја.

Ако до тој рок не се избере снабдувачот по своја волја, потрошувачите ќе добиваат струја од регулираниот пазар на електрична енергија од „снабдувачот во краен случај“, кој во земјава е ЕВН Македонија.

Граѓаните можат да изберат да ги снабдува со струја ЕВН, или еден од лиценцираните снабдувачи со електрична енергија во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top