
Ако после долги години брак, барем еднаш сте помислиле „тука нема веќе страст“, не сте единствени. Професорот Ерик Андерсон од Универзитетот во Винчестер објаснува дека колку врската трае подолго, толку и квалитетот на сексот опаѓа.
Тоа е поради тоа што веќе сè знаете на памет и поради тоа што ви досадува. Тоа е сосем човечки.
Но, професорот Андерсон со својот тим испитал 100 брачни парови на возраст меѓу 25 и 45 години, кои имаат нормален брак за да откријат што е тоа поради кое жените изневеруваат, односно зошто, едноставно, не се разведат ако им е толку досадно во бракот?
Открил дека 67 отсто од омажените жени сакаат само на кратко да ја вратат страста во својот живот. Сакаат повторно да се чувствуваат привлечни и посакувани.
Интересно е тоа што од сите испитани жени, ниедна не сакала развод.
Не сакале ниту да ја напуштат сигурната семејна состојба, туку само повторно да ја почувствуваат возбудата и страста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


