
Две млади девојки на возраст од 15 и 17 години беа притворени во вторникот, едната во Тарб додека другата во Лион во рамките на истрагата која ја води обвинителството во Париз за здружување за заговор во врска со терористички потфат, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Како што пишува париски „Фигаро“, мерката притвор е продолжена и денеска. Двете малолетни девојки се познавале само преку социјалните мрежи и се подготвувале да заминат за Сирија, каде планирале да водат света војна, надополнува приватното радио
РТЛ.
На почетокот на јули, француската влада претстави нов закон со кој се засилуваат мерките за борба против тероризмот за да се соочат со заканите кои ги претставуваат бројните француски џихадисти, но и од Европа кои се присутни во Ирак и Сирија.
Според законот кој се наоѓа во парламентарна процедура, известувачот Себастијан Пиетрасанта проценува дека околу 900 француски државјани се вмешани во сириските џихадистички канали. Во средината на јули според податоците или проценките во Сирија се
бореле 343 француски државјани, од кои седум малолетници и педесетина жени, 151 лице боло во транзит, додека 172 се вратле од Сирија, од кои стотина останале во Франција. Според истите податоци досега во Сирија загинале 33 лица со француско државјанство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)
-
Српски дипломат тврди: Се знаеја и времето и метите за нападите во Сирија!


