Полицијата во Сент Луис вчера го убила 23 годишниот Афроамериканец и тоа на само шест километри од местото (Фергусон) каде што се одржуваат протестите и владее хаос и анархија поради убиството на Мајкл Браун (исто Афроамериканец) од страна на полицаец.
– Убиеното момче мафташе со нож кон полицијата. Полицајците побараа од него да го фрли ножот и пукаа кога тој не ги послуша – објаснува сведок. Сведоците кажуваат дека момчето викало: „Пукајте во мене, убијте ме!“.
Инспекторите ќе ја погледнат снимката од безбедносните камери. Осомничениот е идентификуван како 23-годишен Афроамериканец. Пред неколку дена во градот Фергусон во истата држава бел полицаец уби темен тинејџер – Мајкл Браун. Таму демонстрациите не попуштаат веќе 10 дена и покрај доведувањето на Националната Гарда на АМерика и прогласувањето на вонредна состојба. Вчера две лица биле повредени од огнено оружје, а 31 лице се уапсени.
Полицијата во опремата за разбивање, со поддршка од оклопно возило и хеликоптер кој надлетувал над демонстрантите најпрво побарала од 100-те собрани да се разидат. Меѓутоа, демонстрантите го одбиле тоа и на органите за ред пукале со огнено оружје и фрлале Mолотови коктели.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија