Љубов на прв поглед – Словенецот Патрик е заљуби во непозната Македонка, која била во посета на Словенија. Засега, со оглед на јавното обраќање на Патрик, љубовта од негова страна е потврдена, но дали истото го чувствува и девојката ќе се дознае доколку успее да ја пронајде.
Според објавената порака, тие се сретнале на тројниот мост Tromostovje (Triple Bridge) во Љубљана, разговарале, се смееле и танцувале, но за кратко таа морала да замине.
Патрик се вљубил во нејзините очи кои не може да ги заборави. Единствен податок што веројатно го знае за неа е дека најверојатно студира на Факултетот за социјални науки.
Токму затоа, испечатената порака ја залепил таму, со надеж дека ќе ја прочита и ќе му се јави на некој од контактите кои ги има оставено.
Сепак, за да бидеме сигурни дека барем на некој начин ќе стигне пораката до непознатата Македонка и ќе му помогнеме на Патрик да ја најде, ја објавуваме како што е оставена и се надеваме дека Македонката нè чита редовно и ќе се препознае.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.