
Турскиот претседател во заминување Абдула Ѓул изјави дека министерот за надворешни работи Ахмет Давутоглу најверојатно ќе биде нов премиер и нов лидер на владејачката партија АКП.
Сегашниот премиер и лидер на АКП Реџеп Тајип Ердоган овој месец победи на првите директни претседателски избори во Турција освојувајќи над 51 отсто од гласовите.
Ердоган ќе се повлече од функцијата лидер на партијата со преземањето на должноста претседател на 28 август, поради уставните ограничувања.
– Давутоглу ќе ја преземе таа функција. Ние ќе го поддржиме, изјави Ѓул на новинарско прашање за време на последниот прием во Анкара.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


