Поради сомневања дека една жена во Берлин, Германија е хоспитализирана со симптоми слични на ебола и Чешка се подготвува за спречување на ширење на болеста доколку се појави во земјата, јави МИА од Прага.
Доколку се појави сомневање дека заболено лице се наоѓа во авион кој треба да слета на чешка територија би се почитувале правилата на Светската здравствена организација (СЗО).
– Почитувајќи ги насоките за единствена процедура за справување со итни случаи, при појава на посебно заразна болест при слетување на авион на аеродромот во Прага, би се преземале мерки на изолација, превоз, сместување и лекување на болни или лица кај кои постои сомневање за болеста во специјална клиника. Болните би биле под здравствен надзор, би се вршеле епидемиолошки испитувања на примероци од биолошки материјал, дезинфекција на соби и објекти како и други предвидени хигиенски мерки. Исто така се формулираат и мерки и други директиви со кои се регулира постапка при појава или сомнеж за високо опасни инфекции во здравствени установи, информираше раководителот на Секторот за превентивна заштита Владимир Валента.
Ебола е смртоносно вирусно заболување кое предизвикува висока температура и крварење и кое се пренесува со директен контакт со телесни течности и секрети на заразени лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.