| четврток, 6 декември 2018 |

Се судрија италијански воени авиони, се трага по пилотите

DTIJ TOR 5.jpg    Iraq War Build Up UK Air ForceДва италијански бомбардери од типот „торнадо“ со по двајца членови на екипажот се судрија денеска при рутинска обука и се урнаа во густа шума кај градот Асколија, соопштија италијанските воздухопловни сили.

Очевидци тврдат дека ги виделе двата авиони како летаат ниско во близина на Асколија, по што слушнале удар и виделе голема огнена топка од авионите, кои потоа се урнале, предизвикувајќи пожар во шумата.

Засега нема потврдени информации за тоа дали двајцата пилоти и двајцата навигатори успеале да се катапултираат и во тек е потрага по нив од воздух.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top