Македонци од повеќе делови на Албанија, во селото Ербеле кое се наоѓа во близина на албанско-македонската граница денеска го одбележаа празникот Преображение Христово.
Во црквата „Свето Преображение“ која датира од 12 век, се собраа Македонци по потекло од Ербеле и нивни потомци а кои сега живеат во Тирана, Драч, Елбасан, Пешкопеа, Маќелари, Горно Кочишта, како и во Дебар и други градови во Република Македонија.
– Секој 19 август во овој Божји храм доаѓаат не само православни, туку и муслимани кои спијат во црквата и се молат на Бога да им помогне да се излекуваат од болеста која ги мачи, зашто оваа црква се смета дека има исцелителна моќ, вели Ернест Постоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија


