| четврток, 6 декември 2018 |

Фергусон е потврда за длабоките проблеми со човековите права во САД

Protest continues over Michael Brown shootingНемирите во градот Фергусон го потврдуваат постоењето на длабоки проблеми со почитувањето на човековите права во американското општество, се наведува во изјавата на претставникот на руското Министерство за надворешни работи, задолжен за човекови права, демократија и владеењето на правото, Константин Долгов.

– Трагичните настани во градот Фергусон, сојузната држава Мисури, кои следеа по убиството од страна на полицаец на невооружениот 18-годишен Афроамериканец, Мајкл Браун, сведочат за високиот степен на тензии во американското општество, кое останува поделено по расна основа, се наведува во изјавата.

– Веќе десетти ден продолжуваат масовние протести, на кои има масовна употреба на сила за растерување на демонстрантите, испраќање на единици на Националната гарда и воведување полициски час и сето тоа во голем степен претставува повторување на расните катаклизми, кои досега се случувале во минатото во САД, нагласи рускиот омбудсман.

Според Долгов немирите во Фергусон и реакциите на властите, кои варираат од жестоко спротивставување на незаконските дејствија кон повици за смирување и дијалог, повторно го потврдуваат постоењето на длабоки системски проблеми со почитувањето на човековите права и на демократските стандарди во американското општество. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top