Во светот повеќе години, како една од неинванзивните методи против болки на породувањето се применува масажата. На некои жени за време на контракциите, допирите не им се толку пријатни. Меѓутоа голем број жени сметаат дека масажата за време на породувањето мошне им годела и тоа од самиот почеток па се до завршувањето на процесот. Доколку и вие одлучите на овој начин да ги ублажите породилните болки, следуваат неколку совети.
Зошто масажата се применува на породувањето?
1. Ги олеснува породилните болки – Масажата го стимулира телото да лачи ендорфин, природен хормон, кој ја олеснува болката и го подобрува расположението.
2. На жената и пружа утеха – За време на породувањето, масажата ве зближува со личноста, која се грижи за вас. Тоа може да биде бабица или вашиот партнер на породувањето.
3. Ја намалува нервозата за време на породувањето – Докажано е дека масажата, освен тоа што ја олеснува болката, ја намалува анксиозноста при првата етапа од породувањето. Таа може да ви помогне да се изборите со контракциите со тоа што ќе стекнете впечаток дека се помалку болни и полесни за поднесување.
4. Го скратува породувањето и го олеснува периодот по него – Пократко породување и помал ризик од постнатална депресија исто така често се поврзуваат со масажата. Дали бремените жени смеат да користат масло за масажа? Масирањето со помош на масло е полесно и попријатно. Меѓутоа маслото треба да биде внимателно избрано, по препорака на лекар или акредитиран ароматерапевт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


