Прекинувањето на една врска е трауматичен на повеќе начини и покрај „скршено срце“, пати и мозокот, односно според истражувањата поточен израз за тоа би било „болен мозок“.
Научниците од Универзитетот Мичиген докажале дека менталната реакција по крајот на една врска е еднаква на физичка болка. Попрецизно, се активираат истите делови на мозокот кога се повредувате или се потсетувате на лошите детали од прекинот на врската.
Колку била подолга и позначајна, невролошките ефекти по прекинот на врската биле подлабоки бидејќи со текот на времето партнерите се’ повеќе се синхронизираат и се создава невролошка врска. По прекинот, таа “патека со два правци” останува со еден правец, па затоа ни е потребно подолго време да заборавиме на болката.
Сепак, научниците велат дека има и лек – кога сте среќно заљубени чувствувате помала болка, па најдобар рецепт за заборавање една љубов е започнување на нова.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.