| четврток, 6 декември 2018 |

Потпишан меморандум за соработка меѓу Агенција за филм и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

film1

Агенцијата за филм на Република Македонија и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска потпишаа Меморандум за соработка.

Целта на Меморандумот е да се зајакне соработката помеѓу двете институции и да овозможи преземање конкретни активности од заеднички интерес.

Директорот на Агенцијата за филм Дарко Башески и директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги Зоран Трајчевски подетално информираа за полињата на соработка и заедничките активности во периодот што следи.

Дел од активностите на кои ќе се соработува се однесуваат на: поддршка за телевизиско емитување на македонските филмски проекти, популаризирање на мерката за поттикнување на вложувањето средства во филмски односно телевизиски проекти, заштита на малолетната публика  при кинотечно и телевизиско прикажување филмови, почитување и заштита на авторските права и сродните права, поттикнување на развојот на медиумската и филмската писменост во Република Македонија и сл.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top