
Деветгодишната Македонка Емили Мирчевска од Австралија, која живее во гратчето Тејлор Хил, донирала коскена срцевина за да го спаси животот на својата четиригодишна сестра Миа, која заболела од хистиоцитоза (ХЛХ), ретка автоимуна болест, објави „Фаланга“.
Поради својот храбар подвиг, таа е номинирана за годинешниот медал „Гордост на Австралија – најхрабро дете“.
Болеста на Миа толку брзо прогресирала, што таа за неколку дена станала непрепознатлива. Нејзината кожа изгледала како на пациент со изгореници, а нејзините органи биле заразени од смртоносен вирус. Единствена надеж за малата Миа била трансплантација на коскена срцевина. Лекарите го тестирале нејзиното потесно семејство, а деветгодишната Емили била совршен кандидат за донатор.
Деветгодишната Емили ниту за момент не се двоумела и веднаш се согласила да донира коскена срцевина за да ја спаси својата помала сестричка.
Операцијата била успешна, а телото на Миа одлично ја прифатило коскената срж на Емили.
– Дента кога излеговме од болница, Боби и Емили дојдоа да нѐ земат. Првпат после шест недели Миа ја виде Емили. Иако здравствената состојба ѝ беше кревка, Миа потрча кон сестра ѝ и силно ја гушна. Тоа беше најубавото нешто што досега сум го видела – вели Лидија Мирчевска.
Малата Миа заврши со лекарските третмани, а за три месеци ќе ѝ биде направена нова анализа на крвта.
– Ако сега ја погледнете Миа, никогаш не би поверувале дека таа била болна од ХЛХ. Таа изгуби 70 отсто од кожата, но сè се регенерираше и сега има минимални белези – вели пресреќната мајка.
Малата Емили вели дека се чувствува многу добро, знаејќи дека таа помогнала да се спаси животот на нејзината сестра и да го задржи целото семејство. Таа вели дека е неверојатно блиска со својата сестра Миа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


