| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ја стопира изградбата на Јужен тек

juzen-potok1-564x272

Ресорниот министер Васил Штонов забранува склучување на какви било договори поврзани со Јужен тек, а од компанијата се бара да и ја даде целата потребна помош на Европската комисија за усогласување на проектот со правните прописи на Европската унија… Бугарското министерство за економија и енергетика нареди веднаш да престанат сите активности во Бугарија за изградба на гасоводот Јужен тек, додека проектот во целост не се усогласи со барањата на Европската комисија.

Во писмото упатено до Бугарскиот енергетски холдинг, ресорниот министер Васил Штонов забранува склучување на какви било договори поврзани со Јужен тек, а од компанијата се бара да и ја даде целата потребна помош на Европската комисија за усогласување на проектот со правните прописи на Европската унија.

Изградбата на важниот енергетски проект Јужен тек ја предводи руската компанија „Гаспром“, а со него Балканот треба да стане траса за транспорт на гас од Русија до Јужна и Централна Европа.

Според планот, 540 километри од овој гасовод требаше да поминуваат низ Бугарија. Вкупната вредност на проектот Јужен тек се проценува на околу 16 милијарди евра, а со комерцијална работа требаше да почне кон крајот на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top