| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија го сопре „Јужен тек“

juzen-potok1-564x272Бугарското Министерство за економија и енергетика нареди веднаш да престанат сите активности во Бугарија за изградба на гасоводот Јужен тек, додека проектот во целост не се усогласи со барањата на Европската комисија. Во писмото упатено до Бугарскиот енергетски холдинг (БЕХ), министерот за економија забранува склучување договори поврзани со Јужен тек, а БЕХ треба да ја предаде целата потребна помош на Европската комисија за усогласување на проектот со правните прописи на Европската унија.

Изградбата на Јужен тек ја предводи руската компанија „Гаспром“, а со него Балканот требаше да стане траса за транспорт на гас од Русија до јужна и централна Европа. Според планот, 540 километри од овој гасовод треба да поминува низ Бугарија.

Како членка на Европската унија, Бугарија се најде под засилен притисок од Брисел да ги прекине работите на гасоводот бидејќи истиот не е во согласност со европските прописи. Во текот на јуни бугарската Влада ги замрзна активностите за изградба на гасоводот, но во јули беше одобри почеток на прелиминарните работи кај терминалот Паша Дере. Сегашната Влада избра да ги следи препораките од Брисел.

Вкупната вредност на проектот Јужен тек се проценува на околу 16 милијарди евра, а со комерцијална работа требаше да започне кон крајот на 2015 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top