| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата во Фергусон „под тежок напад“

ferguson usaПолицијата во градот Фергусон во американската сојузна држава Мисури се најде „под тежок напад“ во текот на синоќешните протести кои веќе девет дена траат поради убиството на младиот Афроамериканец Мајкл Браун, а во исто време е уапсено 31 лице.

– Полицајците не испукаа ниту еден куршум, и покрај тоа што се најдоа под тежок напад,  изјави полицискиот началник Рон Џонсон, додавајќи дека полицијата од демонстрантите заплени два пиштоли.

Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите во Фергусон, каде не престанува напнатоста и нередите поради убиството на црниот тинејџер Мајкл Браун, кој беше убиен од страна на полицаец белец пред девет дена.

Полицијата во опрема за разбивање демонстрации со поддршка на оклопни возила и хеликоптер кој ги надлетуваше демонстрантите најнапред побара од околу сто насобрани да се разотидат. Откако демонстрантите не се разотидоа, полицијата употреби солзавец и најмалку две лица се уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top