| четврток, 6 декември 2018 |

Земја „проголта“ куќа на Флорида (видео)

Земјата која одненадеж се отворила под една куќа изминатата ноќ во округот Хилсборо на Флорида, „проголтала“ цела куќа и еден од станарите

kucaflorida

Џереми Буш на полноќ слушнал голем тресок и врисок од собата на својот брат Џеф. Веднаш истрчал до него, но ја немало ниту собата, ниту неговиот брат. Ги „проголтала“ земјата.

– Кога ористигнал, собата повеќе ја немало. Се што видел е парче душек кој виреел од земјата, изјави претставничката на спасувачката служба, одбивајќи да изнесе какви било претпоставки врзани за исчезнувањето на 36-годишниот маж.

– Целата куќа потонала во дупка, наведе таа, додавајќи дека отворот во земјата е со пречник од околу девет метри.

Ненадејните отвори во земјата не се ретка појава во крајбрежјето на Флорида.

Локалните власти соопштија денеска дека спасувачите во дупката поставиле специјална опрема за детектирање на најмал звук, но оти апаратите ништо не регистрирале.

Според весникот „Тампа беј тајмс“, во моментот кога земјата се отворила, во куќата имало четворица возрасни и едно дете.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top