
Професионален војник на АРМ, на 37-годишна возраст, починал во саботата при смена на стражарското место на издвоениот објект на АРМ ,,Еребино“.
– Имено, на професионалниот војник во текот на смената на стражарското место, при качување во моторно возило видно му се слошило, од каде што бил пренесен во клиничкиот центар во Тетово, каде што лекарите констатирале смрт. По наредба на јавен обвинител, повикан е доктор по судска медицина, од кого е утврдено дека кај професионалниот војник нема надворешни повреди и траги на насилство кои би влијаеле врз причината за смртта – соопштуваат од ГШ на АРМ.
Генералштабот на АРМ укажува на фактот дека починатиот професионален војник е примен на служба како здрав и способен за служба, што е утврдено преку систематскиот лекарски преглед.
– Напоменуваме дека во согласност со Правилото за обезбедување објекти, материјални средства и луѓе во АРМ и неговата примена во однос на подготовката на припадниците на АРМ пред извршување стражарска служба, кај починатиот од страна на лекар е утврдена добра здравствена и психофизичка состојба, пред упатување на стражарска служба – се вели во соопштението на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


