
Иако првично ја извести Државната изборна комисија дека меѓу над 6.000 кандидати за советници нема соработници на тајните служби, Комисијата за лустрација со дополнителните проверки сепак пронашла тројца, јавува телевизијата „24 Вести“.
Според неофицијалните информации од лустраторите, кои треба да бидат потврдени попладнево, станува збор за кандидати за советници во Неготино, Гостивар и Чучер Сандево.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


