Џорџ Сорос, легендарниот берзантски шпекулант, очекува пад на пазарот на акции, судејќи според најновиот извештај за неговите вложувања. Неговат компанија за 605 проценти ги зголемила к„шорт“ позициите пеку купување на S&P 500 индекс кој се состои од 500 компании кои котираат наберзата во Њујорк, пренесува Бизнис инсајдер.
Кoмпанијата на Сорос купила 11,,3 милиони преку опции, додека во првото тромесечие купила само 1,6 милиони. Така Сорос во пад на пазарот вложил дури 2,2 милијарди долари.
Просто кажано, Сорос се обложил на крах на Волстрит. Всушност за таканаречените „шорт селинг“ акции инвеститорите се одлучуваат кога се верува дека цената на акциите драстично ќе паѓа. Тогаш всушност ги позајмува акциите и веднаш ги продава колку вредат на пазарот, но наплатата ја зема дури п некое време и тоа по цена кога наплтата стига. Сорос, так, се обложил дка вредноста н акциите во кои вложи сега драстично ќе паднат до моментот кога ќе треба да ги плати.
Ваквиот негов чекр замсли и загрижи многумина инвестиори. Сепак берзантските алитичари смета дека нема очекувања за пад на пазарот, туку дека компанијата на Сорос сака да заштити дел од портфолиото.
Ваквиот чекор на Џорџ Сорос не е нов. Тој на јјавноста и стана познат пед повеќе од 20 години кога со неговиот фонд во 1992 вложи околу 10 милијарди, обложувајќи се така дека Британската Банка ќе мора да ја девалвира британската фунта. Со тоа во само еден ден заработи околу милијарда фунти, а драстично ја намали вредноста на британската валута. И тогаш се работеше за ист случај на „шорт селинг“, а пазарот заради огромната количина на пари која Сорос ја вложил во тој „облог“ се однесуваше токму онака како што контроверсниот американски шпекулант посакуваше- англиската банка во помалку од 24 часа изгуби милијарда долари кои завршија во џебот на Џорџ Сорос.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Герас Цунев е меѓу најдобрите 20 компании, a Заеви ја купија по цена од гарсоњења
-
Прва жена – директор на берзата во Њујорк
-
Иван влегол во банка да плати кредит, но ѝ го загорчил животот на службеничката
-
Прилепчанец направил хаос во банка: Му сметала климата, се расправал со вработените, буткал се пред себе


