| четврток, 6 декември 2018 |

Ебола на Балканот- под надзор 18 лица во Хрватска, а во Србија 6

FAH-ebola_doctorХрватските доктори надгледуваат 18 лица кои допатувале од државите во Африка кадде се рашири епидемијата на ебола, пренесуваат медиумите. Пациентите контактираат со епидемиолозите кои ги информираат за својата здравствна состојба. Нема информации за тоа за каков надзор се работи, но ниеден од 18-те лица не  во болница или претставува опасност за населението, се додава во информацијата. Неофицијално, се работи за луѓе кои работеле на нафтените платформи и во војска, па мала била веројатноста  да биле во контакт со локалните, евентуално заразени лица.

Стручњаците кои се пренесуваат уверуваат декка доколку нема симптоми во текот на три недели, нема опасност за болеста. Во Хрватска сите оние кои се сметаат за потенцијални преносители се ставаат под активен или пасивен надзор.

При пасивен надзор, луѓето контактираат со епидемиолозите и ги известуваат за евентуални симптоми, додека при акктивен надзор на лицето- можен заразен, два пати во денот му се мери температура и е во постојана комуникација со надлежниот епидемиолог. Тоа трае три недели, велат од хрватскиот завод за јавно здравје.

Во Кикинда, пак,  Србија под надзор се шест лица, како превенција од пренесување на ебола, но и на други зарази како на пример маларијата, пренесуваат српските медиуми. Се работи за патници кои се вратиле од Нигерија, Габон, ЈАР и Мозамбик. Тие работеле на бродови и според надлжните немале контакт со локално население. За сега според епидемиолошкото одделение на српскиот завод за јавно здравје, немале никакви симптоми и нема место за паника во Србија. И во Србија надзорот трае 21 ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top