Десното крило на македонската сениорска репрезентација и доскорашен играч на Металург Златко Мојсоски официјално денес премина во редовите на рк Пелистер. Тој на екипата ќе се приклучи од утре. Најавени се уште неколку странски и домашни засилувања. Пелистер денес го одржа првиот тренинг во новата сезона и конечно може да се каже дека Пелистер застанува на здрави нозе, пренесе порталот Тип.ком.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


