| четврток, 6 декември 2018 |

Градежните компании договориле работа во странство вредна шест милијарди денари

gradeznici

Градежните компании во првите шест месеци од годинава договориле работа во странство во износ од 6.046.991 илјади денари што е за 27,7 проценти повеќе од овој период лани, објави Државниот завод за статистика.

Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 616.615 илјади денари што е за 41,8 отсто повеќе во споредба со истиот период од претходната година.

Во овој период забележан е зголемен обем на извршените градежни работи во Италија, Холандија, Швајцарија, Бугарија и Босна и Херцеговина, додека на другите пазари е регистриран намален обем. Како нови пазари се јавуваат Хрватска и Франција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top