| четврток, 6 декември 2018 |

Олбрајт: Се залагав за создавање на Судот во Хаг за да нема колективна одговорност

102814858
Некогашната американска државна секретарка Медлин Олбрајт изјави дека се залагала за создавање на Хашкиот трибунал, за да се избегнела колективна одговорност на народите.

Таа синоќа, на претставување на својата книга „Прашка пролет“ во Вашингтон, реле дека се залагала за формирање на Судот во Хаг, за да се утврди индивидуалната, а да се избегне колективната одговорност на народите.

Олбрајт пред присутните истакна дека лично се залагала за формирање на негово формирање, споредувајќи го со Судот во Нирнберг во 1945 година.

– Сакав да дојде до индивидуална одговорност, за да не стане колективна одговорност. Не може цел народ да се демонизира, наведе поранешната државна секретарка на САД.

Таа притоа потсети на одмаздата која Германците ја доживеале во Чехословачка по војната, како одговор на злосторствата кои ги извршиле нацистите.

– Одмаздата, за жал, е нешто што е во човековата природа, но не смее цел народ да одговара, туку поединци кои се виновни, додаде Медлин Олбрајт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top