| четврток, 6 декември 2018 |

Во петок ќе биде најтопло неделaва

soncni-zahod

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), оваа недела најтопол ден ќе биде петок, кога се очекува дневната температура да достигне до 36-от степен.

Во Скопје времето утре ќе биде сончево со температура од 15 до 30 степени. Во следните денови ќе се задржи стабилно и сончево време со мала облачност.

Од УХМР најавуват температури во пораст. Само во четврток во попладневните часови ќе има услови за појава на краткотраен дожд и грмежи.

До четврток температурата ќе биде во покачување, а од петок ќе има тенденција на благо опаѓање.

Температурата до крајот на неделава ќе се движи од 10 до 22 степени утринската, како и од 26 до 36 попладневната.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top