| четврток, 6 декември 2018 |

Блокирани рудари поради прекин на струја во Доњецк

rudari

Околу 30 рудари од синоќа останале блокирани во јамата на рудникот „Донбаски Комсомолец“ во близина на Доњецк, поради прекин на електрична енергија во зоната на борбите меѓу украинската војска и проруските сили, соопштија денеска локалните сепаратистички власти.

Како што јави ИТАР ТАСС, проруските сепаратисити информираат дека ги преземаат сите потребни мерки за да ги спасат заробените рудари, барајќи помош од електричари и снабдувајќи гориво за повторно придвижување на лифтовите.

Спасувачки тим денеска успеал да се спушти во рудникот и да им обезбеди на рударите снабдување со кислород и вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top