Јубилејното десетто издание на меѓународниот тамбурашки фестивал кој викендов ќе се одржи во Kуманово ќе го добележи настапот на познати македонски изведувачи и групи од поранешните југословински простори.
На првата фестивалска вечер пред публиката ќе се претстават „Kумановски тамбураши и Нино Величковски“, оркестарот „Гезме“ од Осиек, Хрватска и Тијана Дапчевиќ со свој бенд.
Во сабота на сцената на градскиот плоштад ќе настапат тамбурашки оркестар „Табиет“ од Свети Николе и „Фрајле“ од Нови Сад, Србија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.