Македонија, како една од земјите-основачи на меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, годинава, со финансиска поддршка на Министерството за култура, активно е вклучена во одбележувањето на десетгодишнината од востановувањето на оваа еминентна организација чија цел е зачувување на културните традиции на словенските народи и нивното промовирање како трајни и универзални вредности во глобални рамки.
Одбележувањето на јубилејот на Форумот на словенските култури започна во април годинава кога Архивот на Македонија беше домаќин на заедничката изложба „Главните градови на словенските земји преку архивски материјал“, која минатата година со голем успех беше претставена во седиштето на УНЕСКО. Јубилејното чествување продолжи со заедничката изложба на земјите-членки „Словенските карневали“, која беше претставена во седиштето на УНЕСКО во Париз, на почетокот на јуни, во рамките на традиционалното одбележување на Денот на словенската култура. Носител на македонскиот дел на оваа заедничка изложба беше Заводот и музеј од Битола.
По повод одбележување на јубилејот, на 30 октомври во Скопје ќе се реализира третиот музејски семинар „Театарската музеологија во ХХI век“ на кој ќе учествуваат театролози, музеолози и културолози од земјите што членуваат во Форумот на словенските култури, претставници на националните музеи во Македонија и членови на македонскиот национален комитет на ИКОМ.
На 31 октомври, планирано е одржување на состанок на Бордот на ФСК како и прво свечено доделување на ново востановената награда на Форумот на словенски култури „Жива“ за најдобар музеј и за најдобар проект за заштита на културното наследство. Потоа ќе следи концерт на музички ансамбли кои ќе го презентираат нематеријалното културно наследство на земјите членки на Форумот. Како пропратна активност предвидена е и изложба на досега објавените книги на државите членки во рамките на едицијата “100 словенски романи“. Почнувајќи од 2004 година, нашата земја даде особен придонес во решавањето на заедничките предизвици на Форумот на словенските култури, а довербата и поддршката што ги има Република Македонија, беа потврдени минатата година на министерскиот состанок во Република Словенија кога министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска беше назначена за претседател на Управниот одбор на оваа меѓународна фондација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Во Макекдонија се одбележуваат 115 години од смртта на Гоце Делчев
-
Борисов доаѓа денеска во Скопје на одбележувањето 75 години од депортацијата на македонските Евреи
-
Во Скопје, Битола и Штип се одбележуваат 75 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Албанскиот театар добива комплетно нов лик – Реконструкцијата завршува до крајот на годинава