| четврток, 6 декември 2018 |

Надал дефинитивно нема да игра на ОП на САД

Светскиот рекет број два Рафаел Надал го откажа учеството на последниот гренслем-турнир оваа година, Отвореното првенство на САД.
Тој претходно не играше ни на турнирите во Торонто и во Синсинати поради повреда на зглобот на десната рака. Надал дури и тренираше со гипс на раката за да биде поподготвен за почетокот на ОП на САД, но не успеа комплетно да се рехабилитира.
Шпанецот своите фанови ги извести преку својот официјален профил на „Фејсбук“.

– Многу ми е жал што нема да играм на ОП на САД. Тоа е турнир на кој секогаш уживам да играм и во последните три години стигнував до финалето. Во Њујорк секогаш имам позитивни спомени, за жал мора да ја прифатам ситуацијата и напорно да породлжам да тренирам за остатокот од сезоната – им порача Надал на своите навивачи.

Отсуството на Надал ќе значи и уште поголемо зголемување на негативата во однос на Новак Ѓоковиќ, со оглед на фактот дека Шпанецот брани 2.000 поени во Њујорк по ланскиот триумф во финалето токму над Ѓоковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top