Светот е сведок на секојдневните бруталности од израелското колективно казнување, и нашата казуза сега е уште посилна
На ова крваво меѓународно боево поле на вистината, каде сега умираат илјадници Палестинци, Израел загуби. Во владение е на најмоќното и закоравено лоби во Америка, кое ги тероризира сегашните политички класи – како со неодамнешното заплашување на Сенатот со анонимното гласање во корист на сегашната агресија. Во Британија, Би-Би-Си и премиерот ги засрамија и револтираа граѓаните на кои им служат. Таму има неуморни бранители и приврзаници кои виреат во канцелариите на уредницте и на телевизиските продуценти. Тие се високо рангирани меѓу врвните светски воени сили.
Но и покрај сето ова, тие загубија, а палестинската кауза сега е уште посилна. Ова е затоа што целиот свет можеше да го види, прецизно и лично, точно она со што се соочуваат Палестинците ден по ден веќе со децении. Привремената безбедност на женското училиште на Унрва во пренатрупан бегалски камп, со купишта детски алишта и душеци окрвавени од далекудометните ракети; правливите патишта полни со руини од урнатите станбени згради, под кои цели семејства стенкаат и тивко умираат.
Дознавме што ќе се случи веднаш откако ќе загине некој израелски војник, или дека прекинот на огнот веднаш стапува во сила; тоа се затишја пред нови масакри. Луѓето се погодувани со проектили додека бегаат, преморените работници во брзата помош се убивани кога ќе дојдат да им помогнат на повредените и оние кои умираат; момчиња се убивани додека го следат Светскиот фудбалски куп во бар на брегот; или едноставно само си играле со топка на плажата покрај хотел; бранови на брзина направени гробови каде родителите ги држат децата за рака и ги бакнуваат нивните чела за поседен пат. Во Газа, како и во Јенин, Карамех или во Бејрут, секаде каде Палестинците се на нозе од 1947 до 2014 година, ќе ја најдете истата приказна.
Денес со фотографии, изјави на сведоци и видеа кои се испраќаат од смртоносните полиња во Газа, секој во светот кој има телефон, лаптоп, па дури и во соседното кафе со телевизор, со часови може да ги следите злосторствата кои високотехнолошката окупациска армија е способна да ги изврши. Тие можат да ги видат ефектите од најновите воени бродови, тенкови, дронови, бомбардери, од тешката артилерија и бескрајните американски пари, и од британско и американско вооружување кое го имаат врз заложничкиот народ.

По Втората светска војна, во осудата на потиснувањето на цивилното население од окупациските армии, меѓународниот закон за вооружен конфликт (Четвртата конвенција од Женева) го забрани правото за користење на многу методи кои денес се применуваат со таква жестина врз Газа – ракетирање на станбени населби или бегалски кампови и села; масовно разурнување на цивилна инфраструктура, индустријата, важните зданија, школи, џамии, цркви, болници, амбуланти, гробишта, цели населби. Во Газа, таквите нешта сега се оставени на пропаѓање. Луѓето кои гледаат се воведени во историјата која ја учеле на училиште; каде хероите се бореле против воената окупација, каде биле учени да ја слават вредноста на отпорот над военото владеење. Затоа го гледаат колективното казнување како воено злосторство само како такво, и неговата најстрашна цел.
Шокантната способност за секој и секаде да следи голем дел од безмилосното клање кое што се случува, исто ја избистри и неговата логика. Без разлика што вели Израел или нејзините бранители, не се работи за самоодбрана или за тунелите, или за ракетите или за Хамас. Всушност, се работи за брутална колонијална војна која се врши врз затворените, блокираните и опколените луѓе кои не сакаат да живеат на колена.
Овие воени злосторства се она со кое ние Палестинците се соочуваме, без разлика дали се предаваме или стоиме исправени. Како што истакна еден од најжестоките филозофи на слободата, Жан Жак Русо, кога ја објаснуваше бескорисноста на еден народ да надвладее на друг и потоа да очекува корист: „Постои мир во затворите, но дали е тој доволен да ги направи пожелни за секого?“ За Палестинците, нашата приказна е она што сега можеме јасно да го видиме: со децении долгата борба за слобода и за обединет отпор против нашето колективно уништување. И во оваа долга и тешпка борба се раѓа страшна убавина. Тоа е сторија испреплетена со храброст, со жртвување, со обединет дух, со срца исполнети со тага и љубов.
Колективниот дух е видлив но важен секаде каде ќе наидете на Палестинец. Самиот Израел кој си постави задача да уништува со започнување на оваа војна, се манифестира себеси во јавноста, и во Газа и надвор, до степен без преседан.
Поглаварите на Католичката ацрква во Газа, кога гледаа демолирани џамии во тој страшен викенд во Ејд, ги повикаа луѓето да ги донесат минарињата и да ги постават на покривите од црквата и заедно да се молат, како еден народ; младите демонстранти во најголемите демонстрации во со децении окупраниот Западен брег, беа погодувани во глава во Кваландија со боева муниција од снајпери со придушувачи, додека другите се местеа на своите позиции; Во Хеброн, еден стар човек излезе сам пред младите демонстранти врз кои беше пукано од непосредна близина; семејства кои брзаат да дадат крв и да волонтираат; обединета палестинска делегација составена од сите политички фракции дојде во Каиро, и едногласно бара отстранување на опсадата за да се ослободи народот; и над сите се оние кои ги бранат нашите улици и населби, кои главата ја држи виско подигната.
Овие гестови кои ја илустрираат стаменоста на луѓето, ги зближија луѓето од целиот свет раме до раме со Палестинците, гневни од тоа што го гледаат, но исто и со љубов за универзалната слобода која е толку скапоцена за сите луѓе, и во чест на универзалноста на човечкото достоинство соочено со таквата грдотија.
Нелсон Мандела, кој излезе од затвор без најави за вооружена борба, изјави дека Јужна Африка нема да биде слободна се додека Палестина не е слободна. Тој сфати дека борбата за правдата секогаш ги обединува обичните луѓе, и дека секогаш го изолира притисокот и неправдата.
Секоја минута се повеќе луѓе го подигаат гласот за ембрагата, санкциите и бојкотите; се повеќе луѓе испраќаат подршка за Палестинците; се повеќе латиноамерикански држави ги истеруваат израелските амбасадори дома; се повеќе министри си даваат оставки од принцип; се повеќе луѓе зборуваат слободно за и со Палестинците во нивната епска борба за слобода. Израел загуби. Песните на демонстрантите од грлата на 150,000 луѓе кои излегоа на улиците во Лондон, од протестите во градовите низ целиот свет, од Јужна Африка до Сантијаго, покажуваат дека додека Палестинците даваат отпор, тие никогаш нема да останат сами, и дека Палестина и народот еден ден ќе бидат слободни. Нивните песни прозвучуваат дури до Газа: „Ние илјадниците, ние милионите, сите сме Палестинци“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


