| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиотиците ја подобруваат психичката состојба

јогурт

Пробиотиците можат да го подобрат психичкото здравје, бидејќи имаат улога во создавање, апсорбција и транспорт на неурохемикалии, меѓу кои серотонин, допамин, пишува порталот Магазин

Лактобактеритте и бифидобактериите исто така се пробиотици кои се наоѓаат во јогуртот, а помагаат за нормалн работа на цревата, го јакнат имунолошкиот систем и спречуваат инфекции од лошите бактерии.

Истражувачите на Универзитетот во Тексас на овој список додале уште една добра особина, а тоа е дека пробиотиците можат да го подобрат и психичкото здравје, бидејќи имаат значајна улога во создавње, апсорбција и транспорт на неурохемикалии, серотонин, допамин и фактори на нервниот раст кои се клучни за развој на здравиот мозок и нервната функција.
Тие исто така укажале дека ако се подобри микрофолората во цревата, овој чекор би можел да биде од помош во лечење на пореметувањата на здравјето од психичка природа.
Инаку, денеска лечењето на психичките проблеми, како што се депресија или посттрауматски пореметувања, главно се потпира на користење лекови на кои целта им е обновување или реактивирање на неурохемикалиите во мозкот.
Со ова откритие, експертите би можеле да ја вклучат терапијата со пробиотици, како алтренативна опција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top