| четврток, 6 декември 2018 |

„Екстра Меин“ нуди докази за незаконско работење на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес

ekstra

Повторно го поддржуваме министерот за здравство Никола Тодоров да не дозволува да го манипулираат, тие што се директно вклучени во фабрикувањето на темата листерија во Екстра Меин! Денеска, објавуваме неколку документи од кои што станува јасно дека Ристовска Шурбевска е една од најодговорните во фалсификувањето на постапката и на  документацијата. Имено, согласно Решението на Министерството за здравство – Државен санитарен и здравствен инспекторат, Подрачно одделение- Гевгелија, се наведува дека на 23 јули 2014 година е извршен Инспекциски надзор во гевгелиската Компанија АЛДИ ЕМ Плус! Ова, наводно, е маркетот од каде што е земен спорниот примерок за анализи на сечкан вакумиран свински врат од производителот Екстра Меин. Понатаму, дека инспекцискиот надвор врз овој маркет е извршен на 23 јули 2014 година, се потврдува и во Известувањето до Министерот за здравство Никола Тодоров, испратено од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес а потпишано од в.д директорот Флорент ина Ристовска-Шурбевска! – велат од Екстра Меин.

Тие додаваат дела во наведениот малопродажен објект нема за продажба сечкан вакумиран свински врат од Екстра Меин! Прв датум кога од страна на дистрибутерот во посочениот објект е доставен за продажба вакумиран свински врат е 24 јули 2014 година, тврди месарницата.

-Врв на фингирањето на случајот граден врз Екстра Меин е Резултатот од тестирањето на спорната мостра во Центарот во Велес, каде што потписничката на документот Шурбевска наведува дека датумот на земањето и на приемот на мострата е на 25 јули, 2014 година! Покрај овој факлсификат, Шурбевска треба да му објасни на министерот Тодоров, на македонската јавност, но и на Јавното обвинителство, меѓу останатото, каде била мострата во овие два критични дена. Настрана што се уште стои отворено прашањето од каде, како и кога е земена спорната мостра! Сите документи од наша страна се доставуваат и до Јавното Обвинителство! – додаваат од Екстра Меин.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top