
Ви благодарам претседателе Обама, што ја спасивте ситуацијата, а се со цел за спречување на геноцид во Ирачкиот Курдистан. Илјадници језиди Курди кои талкаат по планината Синџар ја чекаа вашата непроценлива помош минатата недела. Многу луѓе умреле од жед и исцрпеност затоа што Вие не реагиравте на време, но што се вели, подобро некогаш отколку никогаш.
Христијаните од Мосул, кои систематски беа цел на насилства и пред да го заземе нивниот град групата на Исламски држави, долго чекаа помош од Америка, како и населението во Сирија и Дарфур, на кои никогаш не беше доделен овој привилегиран статус, кој се добива со директен геноцид. А да не ја спомнуваме Руанда, тоа беше низок удар.
Зарем на сите нам не ни беше полесно кога американските беспилотни летала и авиони ги лансираа своите ракети земја-воздух на позиции на групите на Исламските држави, која се приближуваше на светото место Ербила, економски успешен нов Дубаи, во кој се наоѓаат десетици невладини организации, компании и секако американската војска?
Америка не спасува никого освен своите сопствени интереси во Курдистан.
Всушност, мене треба да ми е мило што се случија тие воздушни напади. Кога се преселив со мојата седумгодишна ќерка на крајот на светот за да предавам мировни студии на Универзитетот во Духоку, ми беше кажано да почекам неколку дена додека состојбата не се подобри, бидејќи групата Исламска држава е снежен нанос кој силната американска Влада ќе го исчисти по силните бури. Сега можам да се преселам и да ги присилам младите и наивните Курди да ги прифатат либералните мировни студии. Беспилотните летала ми отворија пат да дојдам и да ги оправдам вашите воени злостори во име на мирот и безбедноста. Благодарна сум, бидејќи воздушните напади значеа дека можам да ја задржам својата работа.
Занемарени злосторствата на Малики
Во почетокот на годината го посетив Јемен и бев сведок на човечки жртви, како и на уништувања предизвикани од нападите на невооружените цивили со беспилотни летала. Разговарав со семејствата на жртвите, организации за човекови права и локалните активисти. Сите тие Вашите напади ги поврзаа со зголемената популарност на Ал-Каеда на арапскиот полуостров, бидејќи десетици цивилни жртви, всушност поттикнале локална поддршка на групата. Дали овие воздушни напади ќе поттикнат морална поддршка на борците на групата на Исламските држави во некои сунитски делови на Ирак? Дали американскиот ангажман во судирот ќе ги зајакне антиарапските чувства, кои веќе се шират низ Ирачкиот Курдистан?
Минатото лето ги посетив демонстрациите во Фалуџа, каде беа изложени три едноставни политички барања, од кои администрацијата на Обама се согласи на едно. Секташкиот владетел Нури ал-Малики да отстапи од позицијата. Никој од меѓународната заедница не се потруди да ги сослуша барањата на демонстрантите во Фалуџа, кои исто така, вклучуваа укинување на секташтвото и крај на сите преговори за федерализам. Наместо тоа, сите застанаа на страната на режимот на Малики кога го користеше тероризмот за да ги задуши демонстрациите.
Кога Нури ал-Малики минатиот декември се одлучи воени да ја скрши покраината Анбар, жителите на Фалуџа немаа друг избор туку на крај да застанат на страна на групата на Исламските држави. Од тогаш на болници, училишта и на цивили се фрлаа барел-бомби, а се тоа поминуваше неказнето. Никој не зборува за воените злосторства на Малики, а сепак сите кукаат поради напредувањето на групата на Исламските држави кон Ербила.
Најновата состојба во ирачкиот Курдистан ја создаде одлучната американска поддршка на секташката политика на Нури ал-Малики, како и Мисијата на Обединетите нации за помош на Ирак, чија одлука да не ја посети покраината Анбар пред да биде скршена, наспроти постојаните повици од Фалуџа, на локалното население се покажа како пристрасна.
Иако сега Америка и ОН ја оплакуваат моменталната состојба, факт е дека ова ги прави соучесници во злосторствата, кои неодамна ги направи групата на Исламските држави. Секташтвото на шиитските и сунитските Арапи никогаш не било присутно во Ирак како што тоа стана по инвазијата на земјата.
Меѓутоа, за Курдите, дискриминацијата, етничкото чистење и геноцидот се реалност од Операцијата Анфал на Садам Хусеин во 80-тите години од минатиот век, која меѓународната заедница никогаш не го призна како геноцид.
Никој не може да се радува кога велесила која е одговорна за моменталната состојба врши воени напади. Америка не спасува никого освен своите сопствени интереси во Курдистан. Ако групата на Исламска држава не се приближи на Ербила, веројатно не би се случиле никакви интервенции, а раселените језиди од Синџар би биле присилени уште некое време да јадат лисја, исто како и жителите на Халабје, кои не беа спасени од оружјето на Садам за масовно уништување.
Ал Џезира – Сараево
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Америка во шок: Обама за малку избегна атентат со пакет-експлозив
-
Во Јемен секој ден умираат по 130 деца
-
Амбасадорите на Обама во Македонија и во околните земји работат на поткопување на суверенитетот на државите
-
Кој е режисерот, сценаристот и актерите против процедурата, волјата на народот и суверенитетот на Република Македонија


