Во сите 28 земји од ЕУ почна денеска операција за контролирање на брзината по патиштата, соопшти Европската организација за патна полиција (ТИСПОЛ), која ја координира акцијата.
До 24 август по патиштата низ ЕУ ќе бидат распоредени скриени мобилни радари, вклучително во државите, каде постојаните радари се означени со специјални патни знаци, како што предвидува законот.
Полицијата ги предупреди возачите дека оваа година контролата ќе ги опфати не само брзите магистрали со ограничување до 120 или 130 км, туку и помалите патишта, како и улиците во помалите населени места.
Европската полиција смета да остварува слична операција секоја година. Првпат акција од овој тип беше спроведена во август 2013. Тогаш за една седмица во Европа беа наложени 1,5 милиони казни со вкупна вредност од над сто милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.