Руски воени хеликоптери слетаа во северниот дел на Кина каде ќе учествуваат во меѓународна антитерористичка вежба, организирана од централната азиска групација Шангајската организација за соработка.
Осум руски транспортни хеликоптери синоќа слетаат во најголемата и најмодерна база за обука, која се наоѓа во кинескиот автономен регион Внатрешна Монголија, каде се испратени и околу 900 руски војници, кои во следните недели ќе учествуваат во вежбите под име „Мисија на мирот 2014“.
Во меѓународната воена вежба се вклучени повеќе од 7.000 припадници на армиите од Казахстан, Киргистан и Таџикистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


