| четврток, 6 декември 2018 |

Две деца претепани во Непроштено додека играле фудбал на игралиште

Вчера вечер во 18 часот во полициската станица во Тетово, 43 годишниот Б.А. од с.Непроштено-Тетово, пријавил дека околу 15,40 часот на фудбалското игралиште во с.Непроштено, неговиот внук К.Т. од Тетово, бил физички нападнат од четири засега непознати лица, информираат од МВР

29227786
Имено, околу 15,00 часот внукот заедно со 11 годишниот Д.Б. од с.Непроштено, со неколку другари играле фудбал на селското игралиште, при што дошле четири лица кои говореле на албански јазик и почнале да фрлаат со камења по нив, а потоа физички ги нападнале, по што им нанеле видливи повреди. Истите се префрлени во Клинички Центар-Тетово, каде по укажаната лекарска помош К.Т. е задржан на понатамошно лекување, додека Д.Б. е пуштен на домашно лекување. СВР-Тетово презема мерки за пронаоѓање на лицата и расчистување на случајот, стои во билтенот на МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top