
– Во Хаг отидов сам и без никакви калкулации за да ја одбранам честа на војската, народот и на државата и, за среќа, успеав во тоа. Докажав дека упорен, писмен и истраен генерал може да биде успешен на сите фронтови – рече Перишиќ пред многуте српски и странски новинари на аеродромот во Белград.
Според него, ослободителната пресуда е скромен придонес за Србија да го добие местото што и припаѓа во меѓународната заедница и од неа да се тргне анатемата кога се работи за кршењето на обичаите на војување. Перишиќ во Белград беше дочекан многу поскромно во однос на спектакуларниот дочек на хрватските генерали во Загреб и на Рамуш Харадинај во Приштина.
Жалбениот совет на Хашкиот трибунал во четвртокот ја поништи пресудата од 27 години затвор за Перишиќ и донесе ослободителна пресуда по сите точки на обвинението. Перишиќ во периодот од 1993 до 1998 година беше шеф на Генералштабот на југословенската армија на претседателот Слободан Милошевиќ и се товареше за помагање во воените злосторства на српските милиции во текот на балканските војни, меѓу кои и масакрот од Сребреница. Тој во 2005 година самиот се предаде во Хаг и постојано тврдеше дека е невин.
Белградскиот адвокат Тома Фила е задоволен со пресудата, со која, како што вели, се докажало дека Перишиќ нема никаква врска со злосторствата за кои го обвинуваа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


