Необичната глобална кампања во која познати личности се полеваат со кофи со ледена вода во хуманитарни цели, доби нова ѕвезда, еден од најдобрите фудбалери во светот Кристијано Роналдо.
Роналдо го прифати ледениот предизвик, а на тоа ги повика популарните пејачки Бијонсе и Џенифер Лопез.
Откако го заврши предизвикот, Роналдо му истури кофа со ледена вода на неговиот соиграч Марсело, кој, пак, ги повика Нејмар и Паулињо.
Покрај нив, претходно основачот на „Мајкрософт“, хуманитарец и пронаоѓач Бил Гејтс, одговори на повикот на основачот на „Фејсбук“, Марк Цукерберг, да ѝ се придружи на кампањата чија цел е подигнување на веста за амиотрофичната латерална склероза.
Во духовит видеоклип, Гејтс го гледа настапот на Цукерберг, а потоа тргнува во акција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.