Непознати крадци од куќа во Буљарица, крај Будва (Црна Гора), во која летувало едно руско семејство, украле накит вреден повеќе од 100 илјади евра.
Меѓу украдениот некит имало 17 скапоцени брилијанти, златен прстен, обетки, а крадците однеле и два лаптопа и камера.
Крадците влегле во куќата додека руските туристи биле на плажа во Буљарица. Истиот ден крадците влегле уште во неколку апартмани во Буљарица.
Случајот е пријавен во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.