| четврток, 6 декември 2018 |

Опозицијата денска се враќа во Собранието

Со предлог измените на изборниот законик кој треба денеска попланден да биде разгледан од страна на Собранието се пролонгира рокот за поднесување на кандидатски листи за претстојните локални избори. Крајниот рок до кога треба да се поднесат листите е 8-ми март

29.10.sobranie111
Во Собранието денеска е закажана пленарна седница на која единствена точка на дневен ред е предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик по скратена постапка, а предложен од група пратеници.

По два месеци бојкот и протести се очекува опозициските пратеници денеска да се вратат во Собранието и заедно да ги изгласаат измените во изборното законодавство, кои предвидуваат продолжување на рокот за поднесување на кандидатските листи до 8 март, мерка која ќе се однесува само на претстојните локални избори.

Предлогот,следува по вчерашниот договор за окончување на политичката криза во земјата, постигнат на средбата на претседателот Ѓорге Иванов со премиерот Никола Груевски, претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле и европратениците Ричард Ховит и Јержи Бузек.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top